Ново возило за заловување и транспорт на бездомните кучиња во Скопје
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје денеска го стави во употреба новото возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици.
Ова е второ возило на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје што ќе се користи од специјализираната Служба за хуман третман и контрола, при секојдневните акции за заловување на бездомните кучиња кои ќе се транспортираат во стационарот „Вардариште“. Возилото е од марката „Fiat Ducato“ и е со носивост од 1.500 килограми.
ЈП „Комунална хигиена“- Скопје од 2007 година го спроведува Проектот за хуман третман на бездомните кучиња - Програма наречена „Залови, стерилизирај, врати“. Оваа Програма е осмислена од Светската асоцијација за заштита на животните (WSPA), поддржана од Светската здравствена организација (WHO), а одобрена од Советот на Град Скопје.
Според програмата, кучињата откако ќе се заловат од Службата за хуман третман и контрола, се транспортираат во стационарот „Вардариште“, каде може да се сместат околу сто животни во боксови изградени по европски стандарди.
Во стационарот „Вардариште“ има ветеринарна служба што ја проценува здравствената состојба на бездомните кучиња, како и нивната евентуална агресивност, при што здравите единки се подложуваат на третман на стерилизација, се прочистуваат од внатрешни и од надворешни паразити, се вакцинираат од беснило и се задржуваат околу десетина дена. Доколку за тоа време не бидат вдомени, овие животни се враќаат на локацијата од каде што се заловени.
Во текот на 2017 година, Службата за хуман третман и контрола заловила 1.444 кучиња, од коишто 1.055 биле медицински третирани, а 159 од овие животни биле вдомени во стационарот „Вардариште“.
Новото возило за заловување и транспорт на бездомните кучиња е набавено по пат на јавна набавка, а ќе се употребува и за подигнување на телата на умрените животни од скопските улици.
Ново на Сител
-
Финансова откри милионска проневера преку кумановска фирма за технички преглед
-
Полицајци им помагале на затвореници да бараат дрога, се правдале дека барале часовник земен од затворското куче
-
Судскиот совет го „чешла“ предметот за пресудата на смртно прегазената 22-годишна Теодора Ристовска
-
Судење за модуларната болница - изградбата по спецификација, роднините примиле обештетување од болницата
-
Работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати, рече Трендафилов од ССМ
-
До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот ги повика синдикатите на средба