Нови земји на листата за субвенционирање туристи

Комитетот за туризам на последната седница донел одлука за проширување на листата на субвенционирани држави, информира заменик министерот за економија, Христијан Делев.
По посетата на Струшкиот регион Делев истакна дека на барање на тур-оператори листата за субвенционирање туристи е проширена со Израел, Шпанија, Франција и Јужна Кореја.
- Добивме интерес од неколку држави, посебно од Израел каде тур-оператори побараа поголемо субвенционирање за да може да донесат поголем број туристи. Ние тоа и го направивме, донесовме одлука за проширување на листата со држави што ќе бидат субвенционирани, но и за зголемување на субвенциите на некои постоечки држави, изјави Делев.
Заменик министерот за економија изрази надеж дека и следната година ќе има успешна сезона и раст поголем од 10 проценти како годинава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
