-->
-->
Нови енергетски фасади за романските кули во Карпош
-->
Три објекти, познати како романски кули, во населбата Тафталиџе 2 ќе добијат нови енергетско-ефикасни фасади.
- Продолжуваме со изработката на енергетските фасади, при што овој пат работиме на улицата „Женевска“ каде ги реконструираме таканаречените романски фасади на трите објекти со број 6, 8 и 10. Целата инвестиција, која е обезбедена од локалната самоуправа, чини 14.300.000 денари и ја изведува градежната фирма „Гермак“, истакна градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Тој појасни дека годинава е планирана 41 фасада за реконструкција. Со овие три објекти, како што рече, општина Карпош е на повеќе од половина пат во обновувањето. Фасадите се очекува да бидат готови до декември 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје
-
До крајот на неделата СДСМ со првите кандидати за градоначлници
-
Приведени четири лица, возеле со брзина поголема од дозволената
-
Кочовска во Турција
-
Законот за енергетика во Собранието
-
Работата од дома најпопуларна кај Германците и Финците
-
Првиот човек на белгиската Армија бара прогласување на „кризна состојба“