-->
-->
Научници за „Нобел“: Македонци пронајдоа систем за спречување инфаркт
-->

Систем за дијагноза на неправилности во срцевата работа е иновативното решение на кое работат четири млади научници од Македонија.
Александар Ристовски, Ана Гушева, Александар Стојменски и Пано Гушев објаснуваат дека системот за дијагоностицирање започнува со поставување на нослив сензор под левата дојка, кој овозможува континуриано следење на работата на срцето по принцип на електрокардиографија. Анализите од сензорот преку блутут се испраќаат до мобилниот телефон на пациентот, а оттаму преку интернет се препраќаат до т.н. пресметковен центар.
– Во тој пресметковен центар е инсталиран агент кој со помош на вештачка интелигенција го анализира сигналот, односно ја симулира работата на кардиологот во дијагностицирање на состојбата на пациентот. Се работи за агент со вештачка интелигенција кој умее да процени дали настанале критични промени во срцевата работа, вели изјави Александар Ристовски.
Доколку се детектира некаква неправилност на срцевата работа, системот алармира до дежурна медицинска служба, која веднаш интервенира кај пациентот.
Во однос на цената тимот вели дека ќе биде пристапна за сите пациенти, сензорот ќе се купува еднократно, додека пак мониторинг услугата ќе се наплатува месечно. Корист од системот ќе имаат и пациентите на кои може животот да им се спаси, но и лекарите.
На чело на тимот е професорот Марјан Гушев, а соработка имаат и со надворешни експерти. Проектот е кофинансиран од Фондот за иновации.
Кардиоваскуларните болести се најчести заболувања во земјава и водечка причина за смртност. Младите научници веруваат дека со нивното иновативно решение ќе се сменат ваквите состојби и значително ќе се подобри раната дијагноза и навремената интервенција не само на срцевите удари туку и на останатите неправилности во работата на срцето, како исхемија и артимолошки нарушувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари