Живот
24. November 2018 - 11:20

Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне

Настинката знае да биде многу здодевна, а многумина веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне.
 
Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото.
 
Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа.
 
Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови.
 
Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни.
 
Потребни состојки:
0,5 децилитри виски
половина лимон
една чаша вода (по желба)
1 лажица мед
 
Начин на подготовка:
Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет.
Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед.
Измешајте, па повторно ставете го да се грее.
Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.