Македонија
20. December 2024 - 19:42

ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ

Движењето За наша Македонија ја достави Националната платформа за единство до коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ. Велат дека со текстот од девет точки се поставуваат црвените линии за интеграциите на Македонија. Бараат сите парламентарни партии да дадат поддршка.

Очекуваат поддршка и од албанскиот партнер во владата Вреди, од каде веќе кажаа дека ќе прифатат платформа само ако е инклузивна, без фаворизирање на еден етникум.

Опозицијата пак најави отфрлање на Платформата, била лицемерна и со скриени намери. Засега нема никаква реакција единствено од Европскиот фронт. 

Кога платформата ќе се најде пред пратениците од ЗНАМ не откриваат.