Македонија
20. December 2024 - 16:39

СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби

Од СДСМ и денеска обвинуваат дека Груби избегал од Македонија со политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Бил пропуштен иако бил на стоп листата, полицаецот што му дозволил да ја помине границата бил преместен на Блаце пред неколку недели, а Груби имл и лично полициско обезбедување под надлежност на министерот за внатрешни работи. Бараат оставка од Тошковски. 

Премиерот Мицкоски за обвинувањата од опозицијата прашува дали ќе се извинат од СДСМ ако Груби се врати сега скоро? Но, за враќањето на поранешниот вицепремиер во Македонија, Мицкоски вели нема гаранции.

Од ДУИ пак коментирајќи ја црната листа на која се најде и Груби, велат дека секоја злоупотреба на власта, без разлика на политичката или етничката припадност, треба да добие соодветен одговор од правдата, но да важи и за сите функционери кои и претходно се нашле на американската црна листа, бидејќи селективната правда создава впечаток на политички и етнички прогон.