Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Ѓуриште
На мерна станица Ѓуриште е измерено најголемо количество воден талог во изминатите 24 часа - 19 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
До 8 часот утрово, по поминати 24 часа, 18 литри на квадрат воден талог се измерени во Охрид и Берово, 17 во Штип и Крушево, 16 во Маврови Анови и Тополчани, 15 во Претор, 14 во Прилеп, Попова Шапка, Виница, Куманово и Дебар, 13 литри во Демир, Капија, 12 во Крива Паланка, Пожар, Струмица, Тетово и Битола, 11 во Скопје – Петровец, 10 во Гевгелија, 9 во Скопје – Зајчев Рид, Дојран и Велес и 3 литри наврнати во Кавадарци.
Како што информира УХМР, утрово е најстудено на Попова Шапка, 1 степен, 4 се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 6 степени во Берово, 7 во Крива Паланка, 8 во Тетово, Скопје-Петровец, Виница, Охрид, Претор, Битола и Прилеп, 9 во Куманово, Скопје - Зајчев Рид, Велес и Штип, 10 во Струмица, Кавадарци, Демир Капија и Дојран и 11 степени во Гевгелија.
-Утрово е облачно и претежно тивко со утринска магла во Дебар. Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 17 степени, информира УХМР.
Ново на Сител
-
Судење за модуларната болница - изградбата по спецификација, роднините примиле обештетување од болницата
-
Работниците немаат проблем со Владата, туку со другите синдикати, рече Трендафилов од ССМ
-
До 1500 евра казна за институциите кои нема да го почитуваат мак. јазик - инспекторатот ќе ги „чешла“ и сите документи
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот ги повика синдикатите на средба
-
Преглед на вестите од светот
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора