Најмалку 20 убиени во денешните израелски напади во Појасот Газа

Најмалку 20 Палестинци загинаа денеска во израелски напади врз Појасот Газа, од кои најмалку осум во напад на израелските сили врз областа Салатин, во близина на Беит Лахија на северот од енклавата, објавија палестински лекари.
Салатин се наоѓа во близина на местото каде што израелските сили убија најмалку 93 лица во вторникот, како дел од новата офанзива во северниот дел на Појасот Газа.
За време на новата офанзива на север од енклавата, ИДФ испрати тенкови во Беит Лахија, како и во блиските градови Беит Ханун и Џабалија, каде што беа убиени стотици луѓе. Новите напади го намалија и протокот на залихи во областа, која во моментов добива најмалку резерви од почетокот на војната минатата година.
Докторот Еид Сабах од болницата Камал Адван во Беит Лахија изјави дека телата и повредените луѓе сè уште се заробени под урнатините.Тој рече дека уништувањето на болниците и недостигот на медицински материјали значи дека лекарите и медицинските сестри главно не можат да ги спасат луѓето кои дошле со повреди од воздушни напади и пукотници.
„Кој е повреден само лежи на земја, а кој е убиен не може да се транспортира освен со коли влечени од мазги“, рече тој.
Одлуката на Израел оваа недела да и забрани на хуманитарната агенција на ОН – УНРВА да работи на палестинска територија може да има катастрофално влијание врз хуманитарните напори во Газа, предупредија претставници на ОН.
Од октомври минатата година, повеќе од 43,000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа, додека повеќе од 100,000 се ранети, соопшти Министерството за здравство во окупираната енклава.
Во одделни напади врз Либан убиени се најмалку 2,700 луѓе, според либанските власти.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
