Најмалку 120 куќи уништени во пожар во град во Чиле
Најмалку 120 куќи се уништени во пожарот што го зафатил чилеанскиот град Валпараизо, а голем дел од населението е евакуиран.
Како превентивна мерка исклучена е струјата во 90.000 домаќинства, а градоначалникот Хорхе Шарп изјави дека пожарите биле намерно предизвикани, како и дека немаат податоци за можни жртви, пренсе Би-Би-Си.
-Во овој момент екипите за вонредни ситуации се наоѓаат на терен, ги користат сите средства и за гасење од воздух и од земја, во две области на повисоките делови од градот, рече Шарп и додаде дека високите температури и силниот ветар го отежнуваат гасењето на пожарите.
Валпараизо е еден од највисоките чилеански градови и главно пристаниште на Пацификот, но и популарна туристичка дестинација.
Министерот за земјоделие Антонио Валкер изјави дека пожарникарите се борат со гасењето на пожарите.
Огнот досега уништил 120 хектари земјиште.
Пожарот почнал во шумска област и се проширил врз градот, пренесоа британските медиуми.
Ново на Сител
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид