-->
-->
Најмалку 10 ирански војнци загинаа при напад врз граничен премин со Ирак
-->
Најмалку десет ирански војници вчера загинаа при напад на бунтовниците врз граничен премин во провинцијата Курдистан, западен Иран, во близина на границата со Ирак.
Загинатите се припадници на Корпусот на револуционерната гарда на исламска револуција.
- Десет борци загинаа како маченици при напад извршен од бунтовници и терористи врз граничен премин, што предизвика експлозија на магацин со муниција, се посочува во соопштението на Гардата.
Според иранската новинска агенција Фарс при нападот неколку бунтовници биле убиени и повредени.
На западната граница на Иран чести се судирите помеѓу иранските безбедносни сили и вооружените сепаратистички или џихадистички групи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мечките повторно се спуштија во селата во Реканскиот регион
-
Светски ден на учителите - МОН почна кампања „Магијата е во знаењето“
-
Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици
-
Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип
-
Пчеларите бараат поедноставени процедури за пристап до финансиска поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес