Путин: Испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев ќе ги уништи позитивните трендови меѓу Русија и САД

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испораката на американските ракети „Томахавк“ на Киев би ги уништила позитивните трендови што се појавија во односите меѓу Русија и САД.
„Имаше прашања поврзани, на пример, со дискусијата за проблемите со испораките на нови системи за оружје, вклучувајќи ги и системите „Томахавк“ со долг дострел и висока прецизност и така натаму. Веќе реков дека ова ќе доведе до уништување на нашите односи, барем на позитивните трендови што се појавуваат во тие односи“, рече Путин во интервју за телевизија „Россија 1“.
Путин претходно изјави дека доколку Киев почне да користи ракети „Томахавк“, тоа би ги оштетило односите меѓу Русија и САД.
Тој истакна дека употребата на овие ракети во Украина би била невозможна без директно учество на американските трупи.
Претходно, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, за „Фокс њуз“ изјави дека администрацијата на Трамп ја разгледува можната испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, но дека конечната одлука е на американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
-

Тешко повреден возач во возило кое излетало од патот кај Марена
-

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара
-

МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
