МВР со детали за убиството во скопски Чаир
Во 22 часот и 26 минути во Единицата за информации и команда, синоќа било пријавено дека на улицата Лазо Трповски, имало пукотници.
Полицијата денеска информира дека полициски екипи од СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот, при што утврдено е дека настанот се случил во 22 часот и 20 минути во непосредна близина на чајџилницата „Диселдорф“.
Во пукотниците, 37-годишниот И. А. од селото Блаце, починал на лице место, а повреден е 52-годишниот Ќ.Л. од Скопје.
Пред настанот, како што информираат од полицијата, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка Пасат, кое било паркирано во непосредна близина. И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од улицата Лазар Трповски во правец кон улицата „Втора Македонска Бригада“, од непосредна близина од страната на возачот, непознат сторител од огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што избегал.
Повредениот е пренесен во Ургентен Центар при Клинички центар „Мајка Тереза“.
Увид извршил и јавен обвинител. Од лице место подигнати се 11 чаури и предметното возило за крим техничка обработка и истите ќе бидат предмет на вештачење, додека од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облеката и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење.
Телото на починатиот по наредба на дежурен Јавен обвинител е предадено за обдукција.
Во соработка со Основното јавно обвинителство се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците