Министерството за земјоделство повлекло 96 решенија за продажба на ѓубрива

Во тек е засилена контрола од страна на сите институции за квалитетот на семенскиот материјал и репроматеријалите, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ресорното Министерство и инспекциите вршат контрола на квалитетот, бидејќи земјоделци од Струмичко се сомневаат во нивниот квалитет.
Тој информираше дека од досегашните контроли се повлечени голем број решенија за продажба на ѓубрива.
- Од страна на Министерството се повлечени 96 решенија за продажба на ѓубриво за 2016 година. Нашата контрола продолжува и за 2015 година, но и за 2017. И Министерството и комисиите и институциите ќе продолжат со работа во тој дел и сметам дека со заокружување на овој цел процес јавноста ќе има повеќе информации. Тоа што можам да го потврдам е дека 96 издадени решенија се веќе повлечени, изјави министерот Николовски.
Решенијата се повлечени поради отстапување од декларираните количини на хранливи материи за растенијата, најчесто на азот и на калиум и фосфор.
Ново на Сител
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
-

Со торта во Брисел, Албанија го прослави отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ
-

Во 34 години македонскиот Устав е сменет 8 пати, претседателот на Уставен повикува на негово почитување
-

Авто-школите ги поскапеа обуките за 35%
