Министерството за правда на Јужна Кореја воведе забрана за патување во странство на претседателот Јун Сук-Јол

Јужнокорејското Министерство за правда воведе забрана за патување во странство на претседателот Јун Сук-Јол во рамки на истрагата поврзана со минатонеделното прогласување воена состојба во државата.
Јужнокорејската полиција, обвинителството и Агенцијата за борба против корупцијата побараа воведување забрана, во момент кога се проширува истрагата за покренување евентуални обвиненија за бунт во врска со воведувањето воена состојба од Јун минатата недела.
Претставник на Министерството за правда денеска соопшти дека забраната е веќе издадена.
Наредбата за воена состојба што претседателот ја издаде минатиот вторник доведе до распоредување единици на специјални сили на улиците на Сеул, ја втурна Јужна Кореја во политички превирања и ја зголеми загриженоста кај нејзините клучни дипломатски партнери и соседи.
Јун Сук-Јол завчера избегна изгласување импичмент на барање на опозицијата, откако повеќето пратеници од владејачката партија го бојкотираа парламентарното гласање. Но, опозициските партии ветија дека ќе поднесат нова иницијатива за импичмент против него оваа недела.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
