Меркел: Кризата ќе се влоши, училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе се влоши во наредните месеци и оти во тие околности приоритет на нејзината Влада ќе биде да му помогне на општеството како целина, особено на децата, како и на економијата.
– Владата ќе стори сè за да обезбеди нашите деца да не бидат губитници на пандемијата. Училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање, рече Меркел на годишна прес-конференција во Берлин.
Таа додаде дека Владата, исто така, ќе работи на одржување на економската активност или рестартирање таму каде што сè уште стагнира поради пандемијата, како и да ги зачува работните места.
Трет приоритет ќе биде поттикнување на духот на социјална солидарност затоа што пандемијата влијае на некои луѓе, како што се стари лица или семејства со ниски примања, потешко од другите.
Во изминатиот период, Германија успеа да го задржи бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 на релативно ниско ниво во споредба со некои други големи европски земји. Сепак, бројот на новозаразени на дневно ниво расте од почетокот на јули и се забрза во последните недели.
Ново на Сител
-
Орце Ѓеоргиевски најавува пуштање на подземната сообраќајница во центарот на Скопје
-
Шукова најавува отворање на младински центри по примерот на големите светски метрополи
-
Мециновиќ со фокус на решавање на јавниот транспорт и загадувањето на Скопје
-
Во тек пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
-
Најмасовна крводарителска акција досега организирана во Струмица
-
Од вкупно 12 останати се само 3 кондураџиски дуќани во Охрид
-
Израел и Хамас постигнаа мировен договор
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош