Македонија
18. November 2021 - 16:47

Маж од крушевско се сопнал и паднал, при падот испукал неговиот пиштол и го погодил во нога

 Во близина на Крушево се случил несекојдневен инцидент. 34-годишник од ц.Алданци се сопнал и паднал, а при неговиот пад, испукал пиштолот што го носел и го погодил во нога.

-Вчера во 16.35 часот во Полициската станица Крушево, И.И.(34) од с.Алданци, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во шума на место викано „Воденица“, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „Црвена застава“, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата. Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка, велат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител.