Погребан папата Франциск – илјадници верници и државници му оддадоа последна почит
Ѕвоната на плоштадот свети Петар за последен пат биеја за папата Франциск.
Со 3 часовна миса кардиналите во Ватикан се простија од поглаварот на римокатоличката црква Папата Франциск и го испратија кон вечното почивалиште...
Мисата ја предводеше кардиналот Џовани Батиста Ре, кој испрати порака дека наследството на понтифот да се грижи за мигрантите, угнетените и животната средина не смее да умре со него.
- „Војната секогаш заминува – тоа е негов израз – таа секогаш го остава светот полошо отколку што беше порано: секогаш е болен и трагичен пораз за секого. „Изградете мостови, а не ѕидови“ беше поттик што тој го повтори многу пати. Папата Фрањо ги завршуваше своите говори и приватните состаноци велејќи: „Не заборавајте да се молите за мене“. Сега, драг папа Фрањо, ве молиме да се молите за нас и ве молиме од небото да ја благословите Црквата, благословете го Рим, порача кардиналот Ре.
Околу 50 претседателите, членови на кралски семејства, меѓу кои американскиот претседател Трамп и неговиот претходник Бајден, кралот Чарлс и принцот Вилијан, кралицата Летиција, украинскиот претседател Зеленски, лидерите од Италија, Франција, Германија, Велика Британија, Украина, Бразил, институциите на ЕУ и родната земја на Франциск, Аргентина му одадоа последна почит. Во Ватикан е и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.
Околу 200.000 луѓе се присутни на самиот погреб,а според проценките околу еден милион луѓе ја следеа поворката во Рим. Поради големата посетеност безбедноста е подигната на високо ниво.
По негова желба, ќе биде погребан надвор од Ватикан, – неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Санта Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим. До последната дестинација на погребната поворка, телото на папата беше пренесено со пренаменет папамобил.
Франциск беше папа близок до народот и сакаше Црква отворена за сите. Водечката тема на 12-годишниот понтификат на Франциск беше „Црквата како дом за сите. За целиот свој мандат Франциск најмногу се грижеше за маргинализирани, сиромашните или бегалците.
Аргентинскиот кардинал Хорхе Марио Бергољо беше избран за поглавар на римокатоличката црква на 13 март 2013 година по повлекувањето на Бенедикт шеснаесетти и го избра името Франциск. Беше 266-ти понтиф, првиот папа роден надвор од Европа во повеќе од еден милениум, првиот од Америка и првиот језуит.
Беше препознатлив по својата скромност, блискост со луѓето и заложбите за социјална правда.
Како седми во редот на највисокиот трон на католичклата црква, Папата Франциск во својот 12 годишен мандат посетил вкупно 47 држави ширум светот. Беше единствениот кој ја посетил Македонија. Во 2019 година дојде во Скопје. Ја посети Католичката црква во Скопје и оддржа миса на плоштадот Македонија.
За последен пат се појави пред многу бројните верници на Велигден, еден ден пред неговата смрт. По повеќе месечно лекување од двојна пневмонија, се појави на балконот и го честита празникот.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар