Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.
Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.
-На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот, стои во известувањето.
На аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година кога имаше над 1,9 милиони патници.
Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.
Ново на Сител
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?