Локализирани неколку пожари низ државава
Во текот на вчерашниот ден изгаснати четири пожари што избиле тој ден.
Околу 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во правец од с.Долно Блаце кон с.Горно Блаце, скопско, долж државната граница, кај место викано „Барди мост“, настанал пожар при што горела нискостеблеста шума. Околу 19.00 часот пожарот бил локализиран.
Вчера бил изгаснат пожарот во атарот на с.Бајково, с.Баделен и с.Стиник на планината Огражден, кој беше активен неколку дена. Опожарена била површина од околу 30 хектари нискостеблеста шума од бука, смрека и габер.
Околу 14.00 часот пожарот настанат во претходните денови на подрачјето на с.Црешнево, велешко, бил изгаснат, додека пожарот над с.Ореше, велешко, бил ставен под контрола. Исто така, пожарот кај с.Врбоец, крушевско, бил изгаснат.
Во 15.30 часот пожарот во националниот парк „Галичица“, кој беше активен изминатите неколку дена, бил изгаснат.
Ново на Сител
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци