Бизнис
15. August 2025 - 16:34

Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите

Казни за трговците кои со скриен маркетинг го изигруваат законот и ги билдаат цените, најави премиерот Мицкоски. Комисијата за заштита на конкуренцијата наскоро ќе излезе на терен и ќе ги санкционира. Дивеење од страна на одредени ланци маркети, вели дека нема да се толерира

- Ќе се излезе на терен и овие скриени „маркетинг услуги“ кои дел од снабдувачите, производителите и трговците ги поставуваат во синџирите супер маркети за на подобро место да стои неговиот производ ќе биде жестоко, верувајте жестоко санкционирани. Тоа е едниот начин, изјави премиерот Христијан Мицксоски .

Со санкциите кон маркетите и со Училишната кошница, која од денеска стапува на сила, премиерот очекува да се подобри стандардот на граѓаните. Пред стартот на учебната година, до 15 отсто поевтино ќе се купува неопходниот прибор. Ќе се носат и мерки за намалување на цените на услугите, кои според владината анализа, имале најголемо влијание врз порастот на инфлацијата. 

- Ќе се обидеме да интервенираме во делот на услугите, во рамките на можностите. Но, не можеме да ги ограничиме рестораните, кафулињата или транспортните компании која е цената која што ќе ја постават за таа услуга. Сè додека може некој таа услуга да ја плати, тие за жал ќе ја качуваат цената и тоа ќе влијае на конечната инфлација, изјави Мицкоски.

За пониска инфлација премиерот најави дека платите нема да растат –доколку не се зголеми продуктивноста. Токму повисоките плати и пезнии изминатиот период ја зголемија личната потрошувачка, граѓаните повеќе трошеа, а зголемната побарувачки ги качуваше цените на производите. Но од СДСМ обвинија дека токму не преземањето мерки од страна на Владата, се повеќе ги осиромашува граѓаните 

- Секој граѓанин во Македонија е посиромашен за 2 илјади денари во рок од три месеци. Само минатиот месец Македонија забележа инфлација од околу 5 проценти што значи дека од месец во месец екстремно се намалува вредноста на платите и пензиите кои ги земаат македонските граѓани. Во исто време Владата не превзема никакви мерки за да го подобри животниот стандард на граѓаните, а го одби и понуденото решение од СДСМ за покачување на минималната плата на 500 евра, се наведува во соопштението на опозицијата.