Објавен тендер за трет мобилен оператор
Наскоро влез на трет мобилен оператор.
АЕК распиша тендер за доделување радиофрекфенции , откако три оперaтори покажале интерес за влез на нашиот пазарот. Едниот е ОНЕ Македонија Телекомуникации, фирмата што унгарската 4 Ај Џи ја регистрираше во земјава, вториот e& PPF Telekom Grup,, меѓунардна телекомуникациска и инвестициска групација, и третиот , БИТСРИМ Мобајл, македонска фирма за телекомуникациски и интернет услуги, која, според достапните информации, во моментов нема ниту еден вработен, ниту било какви приходи.
Агенцијата за електронски комуникации на тендерот ќе им понуди 3 фрекфенции со различен опфат, со почетната цена од 4,2 милиони евра за првата, 1,5 за втората и 2,3 милиони евра за третата фрекфенција. За да почнат со давање услуги ќе им требаат сите 3, што значи новиот оператор за почеток ќе треба да плати најмалку 8 милиони евра.
Пред неколку дена министерот за информатичко општество најави дека тендерот ќе биде објавен наскоро, а интерес појавиле неколку компании
Инаку 4 Ај Џи минатаа година потпиша Меморандум за соработка со нашата влада и објавија дека по влезот во Црна Гора и Албанија, сакаат да се прошират и кај нас. e& PPF Telekom Grup пак присутни се во Словачка, Унгарија, Бугарија и Србија.
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 22 август во просториите на Агенцијата,.Од новиот оператор се очекува да понуди пониски цени за услугите во мобилната телефонија.Токму анализата на АЕК покажала дека корисниците на постојните два оператоти се најмалку задоволни од цената која ја плаќаат за услугата која им се нуди. Инаку македонците во просек зборуваат по 4 часа месечно на мобилен.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар