Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
Владата им нареди на државните и јавни институции да си го платат долгот за струја и парно. ЕСМ побарала - околу 200 субјекти, меѓу кои единици на министерства, универзитети, акционерски друштва во државна сопственост ,здравстевни установи, агенции, комунални претпријатија и општини, да си ги платат неплатените сметки. Вкупно должат 16 ,5 милиони евра.. , од кои за струја 6,2 милиони , а за парно нешто над 3 милиони евра,. Владата на вчерашната седница им препорачала на институциите да најдат пари и во рок од 3 месеци да си ги подмират обврските...
ДОЛГОВИ КОН ЕСМ
АД ЕСМ –ДИРЕКЦИЈА 7.102.332 ЕВРА
АД ЕСМ –ЕНЕРГЕТИКА 509.256
ЕСМ ПРОДАЖБА 6.224.569
ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА 2.620.017
-----------------------------------------------------------------------------------
ВКУПНО : 16.456.174 ЕВРА
Ако не си го платат долгот, загубите на државната ЕСМ уште повеќе ќе растат. Според податоците на министерството за финансии, минусот во првите три месеци година им се зголемил за 11 милиони евра и достигна нешто над 45 милиони.
За да ја подобрат ликвидноста лани мораа да земат кредит, над 81 милиони евра, а се задолжија и годинава, со дополнителни 30 милиони евра.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар