Бизнис
24. July 2025 - 16:38

Нема владини мерки против високите цени, се бара долгорочно решение

Мерки против високите цени на храната нема да има, потврди министерот за економија Дурмиши.

Замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите давало само краткотраен ефект.  Анализата покажала дека по завршување на мерките,  цените енормно вивнувале. Затоа Дурмиши вели дека ќе се бара модел за трајно поевтинување на основните прехранбени производи. 

Синдикатот неделава предупреди дека цените продолжуваат да растат и  потрошувачката кошница  од месец во месец е се повисока. За да се зачува стандардот на граќаните побараа владата веднаш да преземе мерки. Министерот најавува дека предлозите од Синдикатот, но и новата – владина кошница ќе се разгледуваат следната недела – на социо- економскиот совет. Нивната просечна кошница ќе биде за  4 члено семејство., а следниот период ќе се работи на новите 5.

- Различни се потребите за самец и пензионери. Пензионерите најмногу пари даваат за лекови, додека самците имаат други приоритети. Затоа ќе се работи  на 5 кошнички. додава Дурмиши.

Статистичките бројки покажуваат дека инфлацијата во јуни е зголемена на 4,5 отсто. Поскапело речиси се, а најголем скок на цените имало кај овошјето, над 20 и зеленчукот, скоро 11 отсто. . Дурмиши очекува следниве месеци пониска  инфлација, но ако повторно оди нагоре, Народната банка и министерството за финансии ќе реагираат.

Ако и тоа не вроди со плод, не се исклучува можноста  од повторна  владина интервенција врз цените.