Бизнис
13. August 2025 - 16:37

Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?

Уништена економија, со негативни стапки на раст, висока невработеност и речиси никакви инвестиции.  Воениот конфликт целосно ја замре економијата. Бруто домашниот производ беше во негатива, а секој трет работоспособен - без работа. По потпишувањето на Рамковниот договор полека се враќа стабилноста. Од негатива на БДП во 2001 од 3,1 отсто, бизнисот почнува да се мобилизира. Што е постигнато и што научивме со Рамковниот?

Прво сфативме дека етничката стабилност е и потребна и неопходна работа и за економската и политичка стабилност и за економскиот развој, Второ – сфативме дека сите заедно треба да работиме, за да имеме успех и во јавната админстрација и во приватниот сектор и во економиајта во целина. Трето - Предизвиците кои сега ги имаме и проблемите со кои сега се соочуваат сите граѓани не се од етничка природа,  не се од религиска, туку дека се од институционална природа. Што се подобри со Рамковниот договор?

Капиталните инвестиции и нивната реализација. Се подобри извозната компонента, структурата. На извозот. Голем напредок постигнавме во привлекувањето странски инвестиции, во делот на децентрализација - законите се донесоа, но предизвиците се уште останаа. Тие се уште се презадолжени и неефикасни и имавме извесен напредок во подобрување на јавните услуги, но не ја завршиме работата на крај, изјави Борче Треновски, универзитетски професор

Но со Рамковниот договор требаше да се исполнат и одредени обврски – како вработувања во јавната администрација по етничка припадност.  Наместо квалитет, се полнеше државниот апарат по етникум. Вработувања во администрацијата се уште се доживуваат како трофеј. И ако сакаме успех – под итно ни треба темелна реформа, вели Треновски,

Сепак целта со Охридскиот договор е постигната.

Охридскиот договор ни ја даде политичката стабилност. НАТО ни ја даде безедноста стабилност, Европската Унија треба да ни ја даде реформската насока, каде треба да се движиме. Доколку сфатиме дека етничкиот деверзитет е ресурс кој треба да го користиме и вработувањата во јавната администрација да не се доживуваат како трофеј, тогаш ќе имаме и повисоки плати и повисока продуктивност и поголем економски раст, додава Треновски.

Како клучни предизвици кои ќе донесат подобра иднина и подобар стандард за граѓаните, покрај реформите во јавната администрација, останува и спроведување на законите за децентрализација и поголема ефикасност на општините, спречување на миграцијата, за да има која да работи со евентуланиот влез на нови странски компании, како и владеење на правото.