Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери заради спречување на референдумот
Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно и спротивно на Уставот, Законот и Деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен дополнителен референдум за Законот за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија.
Пријавениот се терети дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива – поднесена од страна на група од 646 граѓани, на пропишаниот образец од страна на Државната изборна комисија – сторил тешко кривично дело против изборниот систем – „Спречување на избори и гласање“, казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена минимална затворска казна од најмалку три години.
Во пријавата се нотира дека, со ова свое инкриминирано деликтно дејствие, преку злоупотреба на своите службени овластувања, пријавениот арбитрарно го ускратил врховното колективно уставно право на граѓаните, како носители на народниот суверенитет, на т.н. директна демократија, свесно спречувајќи нивно непосредно изјаснување по пат на референдум. Со тоа, тој од старт ја осуетил и ја спречил законската можност за собирање потписи за распишување државен референдум, гарантирана во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, манипулирајќи ја и непочитувајќи ја изречно предвидената подзаконска деловничка процедура за постапување во случај на поднесена иницијатива од група-граѓани, како овластени предлагачи.
Имено: (1) Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку исклучиво може само да ја цени нејзината уредност, како поднесок, од формално-правен аспект; (2) Toj не можел сам, без претходно прибавено мислење од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата; (3) Џафери бил должен прашањето да го префрли на парламентарниот пленум на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре, бидејќи единствено Собранието, во полн состав, на пленарна седница, е надлежно ad meritum да одлучи за уредноста или неуредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“)!?
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово