Македонија
21. October 2025 - 13:55

Левица: Два дена по избори - тони ѓубре во Ново Лисиче

Во срцето на Ново Лисиче, само два дена по изборите, контејнерите прелеваат, а околината е полна со изборен отпад – летоци, плакати, картони, шишиња…, се вели во соопштението од Левица кое МИА го објавува интегрално. 

Слика и прилика на тоа колку им е грижа. Пред избори сите беа на улица, ветуваа чист воздух и чисти улици, а сега, ни воздух, ни улици само смет и контејнери што прелеваат.

Ниту општината, ниту јавните претпријатија досега реагирале. Очигледно побитна им е кампањата за втор круг, отколку хигиената во општината. 

 

МИА