Кривична пријава за криумчарење пиротехника - запленети и цигари и фалсификувана стока | ФОТО
Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија употреба подлежи на дозволи и е строго регулирана.
Случајот е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при извршен претрес на возило со германски регистарски таблички коешто го управувало лицето.
При преглед на стоката сместена во багажниот простор, во црна голема торба на дното, помеѓу алишта, е пронајдена непријавена кутија со пиротехнички материјал, во која се наоѓаат три системи со 195 патрони за огномет со вкупна маса од 450 грама експлозив.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде што е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против сторителот, за сторено кривично дело - неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Царински службеници и инспектори од Службата за мобилни скенери, спречија низа обиди за шверц на граничниот премин Табановце. При акциите запленети се значителна количина облека, долна облека, патики, автоделови, материјал за текстилна индустрија, како и клима уреди.
Мобилни царински тимови спречија обиди за нелегален изнес на девизи и стока со ознаки на заштитени трговски марки. Запленети се 10 илјади евра, како и 325 детски комплети, ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси:
-На граничен премин Табановце, при личен претрес на македонски државјанин кој патувал со автобус откриени се 12 илјади евра. Лицето се обидело нелегално да ги изнесе девизите, при што му се вратени две илјади евра, а преостанатите 10 илјади евра се привремено задржани, согласно законските прописи.
-325 детски комплети со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање за сторено дело повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на товарно возило натоварено со стока од Турција наменета за фирма од Косово, пријавено за излез од државата на граничниот премин Блаце.
-При контрола на камион со контејнер натоварен со стока од Кина, на влез во државата на граничниот премин Богородица, откриени се 25 ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси со ознаки на заштитени трговски марки. Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.
Царински службеници на граничниот премин Богородица запленија 36 штеки цигари, откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Скопје. Стоката била скриена фабричка празнина под подот, пред задните седишта на автобус со турски регистарски ознаки, управуван од државјанин на Турција.
Ново на Сител
-
Коњаниците од традиционалниот Илинденски марш пристигнуваат на целта
-
Претседателката го свика Советот за безбедност - Една од темите состојбата со пожарите
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител