Македонија
9. February 2022 - 10:46

Ковачевски: Вчера ми се јави Петков, побара информации за искинатите ленти и искршените стакла

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по посетата на компанијата „Текстил Солушн“ соопшти дека вчера добил повик од бугарскиот премиер Кирил Петков кој му побарал информации за двата инциденти кои се случија во Скопје и Битола. Станува збор за инцидентот на гробот на Гоце Делчев каде беа искинати ленти на венците оставени од бугарските делегации како и за искршените стакла во клубот на Бугарите „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-За искинатите венци на гробот на Гоце Делчев го информирав Петков дека МВР врши истражни работи, а за искршеното стакло во клубот во Битола му реков дека не е политички инцидент туку инцидент мотивиран од приватни причини, рече Ковачевски.