Конференција на началници на ГШ на земјите од Јадранската повелба и САД
Проширување на соработката меѓу А-5 земјите за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата е темата на Конференција на началниците на генералшатабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба која во четврток, 9 ноември, ќе се оддржи во Скопје.
На конференцијата се очекува да се разговара за соработката меѓу членките од Јадранската повелба за интеграција во НАТО како и за придонесот на А-5 групата за безбедноста на Алијансата.
На конференцијата, покрај учеството на началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и заменик на командантот на командата на армијата на САД за Европа генерал потполковник Тимоти Реј, предвидено е учество на началниците на армиите на восјките на Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина како членки на А-5 греупата, од земјите набљудувачи, Словенија, Србија и Косово и претставници од осум национални гарди од САД, кои се партнери на земјите од А-5.
Како што информираа денеска на брифингот во АРМ, медиумите покрај отворањето на конференцијата во 9 часот ќе можат да проследат изјави по потпишувањето на заедничката изјава во 14:30 часот.
Договорот за формирање на САД-Јадранската повелба, официјално е потпишан во 2003 година, со кој покрај САД како покровител, Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Во 2008 година, на оваа иницијатива се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора, а средбите во формат началници на генералштабови на армиите се одржуваат еднаш годишно, на кои се разгледуваат прашања од областа на военото образование, воено-техничката соработка, операциите за поддршка на мирот и други актуелни теми од областа на одбраната и безбедноста.
Ново на Сител
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?