Кометата Неовајз видена од Земјината орбита
Визуелниот уметник Сеан Доран направи свое видео од кометата Неовајз, што се наоѓа и се движи меѓу Сонцето и Земјата.
„Земете ладно освежување, изгасете светло, раскомотете се, сместете се удобно и префрлете го ова на голем екран. Уживајте во пијалакот!“, напиша Доран под видеото на Инстаграм.
Боб Бенкен, астронаут на Меѓународната вселенска станица, за весникот „Њујорк тајмс“ објаснува како тој и неговите колеги биле во можност да ја видат кометата во мај.
– Неовајз е релативно блиску до Сонцето, така што требаше да биде доволно оддалечена за Сончевата светлина да не нѐ заслепува (при набљудувањето)… Пред зора, точно пред Сонцето да се појави пред нас, кометата беше видлива во тој кус временски период, иако сè уште беше блиску Сонцето, што, пак, сè уште беше скриено зад Земјата. Тоа беше, просто, прекрасна и уникатна глетка!, раскажува Бенкен.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера