-->
-->
Кина подготвена за контрамерки ако САД воведат дополнителни царини
-->
Пекинг најави дека ќе одговори ако САД инсистираат на дополнителни царини за кинескиот увоз, по ненадејната ескалација на трговската војна на претседателот Доналд Трамп.
– Ако САД ги воведат дополнителните царини, Кина ќе мора да преземе неопходни контрамерки, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Хуа Чунинг на редовниот брифинг во Пекинг.
Таа не образложи за какви мерки би биле преземени.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји го направи денеска првиот официјален одговор на ескалацијата на мерките на Трамп.
„Наметнувањето нови царини не е апсолутно вистинското решение за трговските несогласувања“, изјави тој за локална кинеска телевизиска станица додека присуствуваше на состанокот на Асеан во Бангкок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата