ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје: Водоснабдувањето постепено се стабилизира, екипите работат на терен
Поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем. Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се два дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
- Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот, се вели во соопштението.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека нивните екипи веднаш излегле на терен и работат интензивно на санација на дефектите со цел во најкраток можен рок да се обезбеди целосна нормализација на водоснабдувањето.
Најавуваат дека на време ќе информираат за текот на санацијата.
МИА
Ново на Сител
-
Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,1% годинава
-
Македонија од денеска во СЕПА, плаќањето кон ЕУ поевтино
-
Дали е безбедна ајварката?
-
Синдикат на судска полиција: Незадоволително ниво на безбедноста на судовите
-
Мали шанси да се укине ветото во ЕУ, но големи шанси за притисок врз блокирачите
-
Кои се ветувањата на скопските кандидати за градоначалници за главниот град?
-
Активности на кандидатите за градоначалници во скопските општини
-
Преглед на вестите од светот