Македонија
7. October 2025 - 16:57

Активности на кандидатите за градоначалници во скопските општини

Модернизирање на 30 улици и подобрување на сообраќајната безбедност, ветува кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Герасимовски, кој по вторпат ја бара довербата на центарци. Меѓу улиците кои ќе добијат нов лик е и Ленинова.

Нов кружен тек, мега парк и реконструкција на улици најави кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот за прв човек на Гази Баба од редовите на СДСМ, Влатко Митовски пак ветува три катни гаражи во Автокоманда за да се намалат нервозите на граѓаните со паркирањето.

110 километри топлификациона мрежа во Долно, Горно и населба Лисиче најавува кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески.

Тесна е битка кај албанскиот политички блок за градоначалничкото столче во Чаир. Османи најавува попусти во маркетите и аптеките за највозрасните лица, додека Меџити со ветување за модерна општина со капитални проекти градени по европски стандарди.