Македонија
7. October 2025 - 12:15

Во тек е пријавувањето на болни и немоќни во ОИК, за гласање во домашни услови

Во тек е  пријавувањето на болни и немоќни лица за гласање во домашни услови. До сега во ОИК Штип има поднесено околу десетина барања. Неделава ОИК ќе работи со продолжено работно време со цел да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните.

- Крајниот рок за пројавување е до петок 10 октомври кога ОИК ќе има дежурство до 24 часот, а  до четврток ќе работи до 21 часот, изјави Виктор Вацев, претстедател на ОИК - Штип

Пријавувањето може да се изврши директно во просториите на ОИК Штип, како и електронски со скeенирани документи на маил. Едно лице може да биде полномошник на две болни и немоќни лица, кои сакаат да гласаат во домашни услови.

Овде имаме терк за известување, а во прилог на него се доставува копија од лична карта на лицето кое сака да гласа и лицето кое е негов полномошник. Понатаму, валидно решение за користење на мобилност или документација од специјалист, а не потврда од матичен лекар. Тоа се потрбните документи, додаде Вацев 

Болните и немоќни, како и лицата на издржување затворска казна за лакалните избори за избор на градочалници и членови на Советите на општините ќе гласаат ден пред изборите, односно, во сабота на 18-ти октомври.