Јовановски: Нека бидат среќни додека македонскиот народ е гласен, само Господ ни е на помош ако замолчи
Вчерашниот ден никогаш да не се повтори, вчерашниот ден е голема мака за сите од нас што имаме свест, дека овој народ не може да продолжи со вакви делби кои други ни ги приредија, изјави актерот Владо Јовановски денеска на простетот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Немав намера да говорам, цела ноќ Македонија не спие, не оставија како и многу пати досега, не само без сон, туку и без внатрешен мир. Ја вознемирија душата на македонскиот народ и на сите оние кои се загрижени за иднината на Република Македонија. Не знам што да ви кажам, а што вие прекрасен, мој убав народе, не го знаете. Вчерашниот ден никогаш да не се повтори, вчерашниот ден е голема мака за сите од нас што имаме свест, дека овој народ не може да продолжи со вакви делби кои други ни ги приредија. Македонскиот народ има сила да опстои, само ако е обединет околу идејата за опстанок на Република Македонија, изјави Јовановски.
Тој кажа дека единствени радосни од овој настан ќе бидат оние кои ја туркаат земјата во бездна.
-Јас како човек, како Владо Јовановски, како родител, како син, како татко, како Македонец, ги осудувам насилствата кои вчера се случија од сите страни. Изразувам длабоко жалење за сите повредени во вчерашниот настан, било еднаш никогаш да не се повтори. Ако немав вчера во Собранието, иако немаше микрофон, дојдов кога вие златен мој народе, веќе бевте влезени во Собранието, не можев да ве сопрам. Знаев дека единствени радосни после таков настан ќе бидат оние кои ја туркаат во бездна Македонија, македонската иднина и македонскиот народ, изјави Јовановски.
Тој порача да бидат сите среќни кога македонскиот народ е гласен и кога на мирољубив начин го изразува своето незадоволство, треба да бидат уплашени ако тој замолчи.
Кога бев во собраниската сала на микрофон, се обидов да ви кажам да нема никакво насилство, да нема повредени, да нема материјални теми. Но, кога има хаос кој други го предизвикаа, веќе нема уво за тоа. Велат човекот на човекот му треба една година да научи да зборува, а му требаат 60-70 години да научи да молчи. Сите кои се загрижени за мирот и стабилноста на Македонија, нека бидат среќни кога македонскиот народ е гласен и на мирољубив начин го изразува своето незадоволство, против капата што сакаат другите да ни ја скројат. Вистински уплашени треба да бидат ако македонскиот народ замолчи, тогаш само Господ нека ни е на помош
Ново на Сител
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер