Јанева: Се анализираат материјалите земени од претресите
СЈО ги анализира материјалите земени при вчерашните претреси во канцелариите и домовите на лицата кои се сомничат за оддавање службена тајна, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Прашана дали земените податоци од кај поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски покажуваат дека биле изнесувани информации за претседателот Ѓорге Иванов пред неговата одлука за аболиција, Јанева рече дека не може да коментира зашто уште се анализираат.
- Не можам ништо да потврдам бидејќи во овој момент податоците што се одземени уште се анализираат. Откако ќе биде анализирано во интерес на нашите постапки ќе бидете извесетни. Ги видов написите на социјалните мрежи, тоа воопшто не можам да го потврдам, тоа се само шпекулации и претпоставки, изјави Јанева.
Посочи дека со асистенција на МВР синоќа е извршен претрес на домовите на три лица за кои имале наредби, како и личен претрес на Панчевски.
- Вчера вечерта се прибраа нашите екипи и полицијата во врска со претресите. Синоќа и денеска се составуваат записници и се што е земено ќе биде доставено до Обвинителството. Мислам дека тоа што го баравме и најдовме во домовите го земавме. Дали е се што е потребно не можам да кажам, рече Јанева.
Катица Јанева денеска присисутвуваше на расправата „Двојба во корист на обвинетиот-виновен надвор од разумно сомневање“ во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и ОБСЕ Мисијата во Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг