Македонија
6. May 2025 - 19:59

Концерт на Марија Николовска во Њујорк

Македонската пијанистка Марија Николовска  вечерва ќе  одржи концерт во МЦ Галеријата во Њујорк на кој ќе изведе дела од Шопен, Шуберт како и македонските композитори Томислав Зографски и Властимир Николовски. 

Марија Николовска дипломираше на ФМУ, а потоа образованието го продолжи во Бугарија на Националната Музикална Академија "Проф Панчо Владигеров" во Софија. 

Настапот во Њујорк е помогнат од Министерството за култура на РСМ.