Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
Во близина на селото Стар Истевник, на македонско-бугарската граница, денеска целосно е локализиран и изгаснат шумскиот пожар кој избувна по удар од гром, информираат пожарникари од ТППЕ Делчево.
Во гаснењето на пожарот првпат заеднички учествуваа екипи од двете страни на границата – припадници на Територијалната противпожарна единица од Делчево, вработени од „Национални шуми“ – Подружница Голак, припадници на Граничната полиција, како и служби за гаснење од Бугарија.
- Пожарот се прошири по тешко пристапен терен. Со координирана акција и одлична соработка со екипите од Бугарија, истиот е ставен под контрола, изјавија од ТППЕ Делчево.
Од терен информираат дека навремената интервенција спречила понатамошно ширење на огнот и поголема штета врз шумскиот фонд.
Локалните власти ја оценија акцијата како пример за добрососедска соработка и повикаа на зголемена претпазливост во периодот на високи температури и грмежи.
МИА
Ново на Сител
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот