Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
Продлабочување на економските односи со посебен акцент на проектите од енергетиката и инфраструктурата биле фокус на првата работна средба која македонскиот шеф на дипломатијата ја имаше со својот грчки колега во Атина.
По средбата тој порача дека Грција останува силна поддршка за Македонија на нејзиниот пат до Европската Унија потенцирајќи дека Атина очекува целосно почитување на преспанскиот договор
„ Сакам уште еднаш да ја истакнам поддршката на Грција за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот европски пат, врз основа на воспоставените условности и принципот на сопствени заслуги, со посебен фокус на основните критериуми. Во таа насока, дозволете ми да потенцирам дека од клучна важност е целосна, конзистентна и бона фиде имплементација на Преспанскиот договор вклучувајќи ја и ерга омнес употребата на уставното име на земјата“
„Ја потенциравме важноста на почитувањето на меѓународното јавно право и обврските кои взаемно ги преземавме. Бидејќи, меѓусебното почитување е темел врз кој се гради долгорочна соработка“
На средбата станало збор и безбедноста на регионално и глобално ниво и истакната потребата по поблиска координација во рамки на НАТО алијансата. Средбата со Герапатритис, Муцунски ја искористил и за да искаже благодарност за помошта која дојде од Грција во третманот на повредените од пожарот во Кочани
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар