Македонија
23. July 2025 - 16:50

Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа со болки во стомакот бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија во коплексот „Мајка Тереза“ во Скопје. Гаши, според информациите од Собранието, но и од болницата добил преплет црева, но е во стабилна состојба и засега нема одлука за хируршка интервенција.

Огнен Костовски, директор на клиниката за дигестивна хирургија „Пациентот се третира конзервативно. Се работи за преплет на црева. Во моментов е подобар, се лекува конзервативно, со таблети. Ја следиме состојбата и засега немаме одлука за операција“, ни посочки директорот на дигистивна хриругија Костовски. 

Не се знае до кога собранискиот спикер ќе биде задржан на болничко лекување, но од неговиот кабиент велат дека детално ќе се провери неговата здравствена состојба.

„ Здравствената состојба на г. Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи“, велат од парламентот.

Но, повеќе детали од ова не се откриваат. Информации денеска не сподели ни министерот Алиу. 

Гаши, според хиерархијата на власта е втор човек во државата. Претседателот на Собранието, според Уставот, го заменува претседателот на државата кога тој е спречен да ја врши својата функција. Според надлежностите тој не само што го претставува парламентот, туку е единствено одговорен за свикување на собраниските седници, но и за распишување на избори. Во случај на негова спречност, седниците ги води некој од замениците.

Пред хоспитализацијата, според нашите информации, тој веќе ги потпишал решенијата за двете наредни седници што треба да се одржат до крајот на месецот. Едната седница веќе се планира за утре, и нејзе ќе ја води Антонио Милошоски, како заменик-претседател. Втората е закажана за 31 јули како седница за пратенички прашања. Според, роковите, Гаши треба да ги распише локалните избори најдоцна до 10 август. 

Преплет црева е акутно и серизоно заболување што се јавува како резултат на застој во дигестивниот тркат поради некои други здравствени состојби при што цревата престануваат да работат, а може и да се вплеткаат едно во друго. Ако не се интервенира навреме, завшува со оперативен зафат, од кој е потребно подолго опороваување. 

Гаши до неговата хоспитализација беше работно активен. Тој вчера ја отвори и претпладнето ја водеше собраниската седница за ребаланс на буџетот, а попладнето отиде во Тетово каде имаше средба со коалицискиот партнер и градончалник Касами. Според објавите на социјалните мрежи, Гаши останал во Тетово и вечерта, на средба со граѓани и на естрадна програма во рамките на „Тетовско лето“.