Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
Само 19 од 120 пратеници покажале интерес да одговорат што им е потребно за за нивна поголема вклученост во интеграцискиот процес на Македонија во ЕУ, покажало истражувањето од проектот „Поддршка на европската интеграција на Македонија“.. Поголем интерес да одговорат на прашањата покажале пратениците од владејачкото мнозинство, а дури 70 отсто и од пратениците и од службите не посетиле обуки за пристапните преговори. Сепак е нотирано дека Парламентот може да направи многу да ги држи во фокус реформите и процесот.
Иако во мал број пратениците кои ги слушнаа резултатите од истражувањата, велат дека во интерес и на институцијата и на граѓаните е Собранието да биде активен двигател на процесот за усогласување со европското законодавство.
Граѓанскиот сектор повика пратениците да станат повидливи во Брисел и да ги искористат сите канали во европските институции во лобирањето за национални важни прашања, посочувајќи го примерот на бугарските европратеници за време на гласањето на Извештајот за Македонија.
Презентацијата и истражувањето било спроведено со поддршка на Канцеларијата на Обединетите нации за проекти (UNOPS), со финансиска помош од Шведска и Швајцарија.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар