Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
Собранието попладнево ја заврши општата расправа по Предлог-законот за установи за средно образование на верските заедници со кој се предлага учениците од Богословското училиште „Св. Климент Охридски“ и од Средното теолошко училиште „Иса Бег“ да имаат право да полагаат државна матура и да имаат право да го продолжат образованието на високообразовните установи во државата.
- Учениците запишани во Богословското училиште - Скопје и Средното теолошко училиште „Иса Бег“ - Скопје имаат право да полагаат државна матура, согласно со Законот за средното образование и подзаконските акти донесени врз негова основа, вклучувајќи ја Концепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит. Учениците кои успешно ќе положат државна матура стекнуваат право да го продолжат своето образование на високообразовни установи во државата, стои во образложението на Предлог-законот.
Целта на законот, како што беше образложено на собраниската седница, овозможува еднаков третман на сите ученици и се создава правна основа за целосна интеграција на учениците од верските средни училишта во образовниот систем на државата.
Заменик-министерот за образование Лулзим Алиу рече дека со овој закон не се доведува во прашање секуларноста на државата и дека државата нема да има никакви финансиски оптоварувања.
- Се изедначуваат сите ученици и државата покажува дека сите се исти. Финансирањето на овие училишта нема да биде на товар на државата. Секуларноста на државата не се нарушува бидејки организатор на овие училишта се верските заедници, рече Алиу.
Посочи дека вакви примери има во држави од Западен Балкан и во САД.
За опозицијата, ваквото законско решение е противуставно и дискриминирачко затоа што ќе важи само за верски училишта - Богословското училиште и Средното теолошко училиште „Иса Бег“.
- Предлог-законот не е само обично законско решение, туку удар врз секуларноста на државата. Во Уставот стои дека нашата држава е секуларна што значи дека верата е одвоена од државата. Предлогот има за цел да се легализира верското образование на ниво на средни училишта со што учениците би добиле признати дипломи. Ова е спротивно на Уставот, спротивно на Законот за средно образование, рече Даниела Николова од СДСМ.
Пратеникот Реџеп Исмаил од „Левица“ побара законот да биде повлечен и за него да се отвори поширока дебата.
Предлог-законот, којшто ќе се носи во редовна постапка, преминува на разгледување во матичната Комисија за образование.
МИА
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина