САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
САД денеска соопштија дека повторно ќе се повлечат од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), обвинувајќи ја за „антиизраелска пристрасност“. Повлекувањето ќе стапи во сила на крајот на декември 2026 година.
Ова ќе биде третпат Вашингтон да го напушти УНЕСКО, и вторпат во мандат на претседателот Доналд Трамп.
САД се членка основач на УНЕСКО во 1945 година. Вашингтон првпат се повлече во 1983 година под Роналд Реган, чија администрација рече дека глобалната организација има антизападна пристрасност и „премногу ја политизирала практично секоја тема со која се занимава“. САД повторно се приклучи под Џорџ В. Буш во 2003 година, а Белата куќа изјави дека е задоволна од реформите на УНЕСКО.
Трамп ги повлече САД од УНЕСКО во 2017 година, за време на неговиот прв мандат како претседател. Неговата администрација како причина наведе „зголемува на заостанатите долгови, потреба од фундаментални реформи во организацијата и континуирана антиизраелска пристрасност“.
САД се вратија во УНЕСКО во 2023 година под Џо Бајден. Администрацијата на Бајден рече дека е клучно повторно да се приклучат за да се спротивстават на „кинеското влијание“.
Пекинг стана најголем финансиски поддржувач на организацијата во отсуство на Вашингтон. Како услов за повторно членство, САД се согласија да платат околу 619 милиони долари неплатени членарини и да дадат придонеси во програми за поддршка на иницијативите за пристап до образование во Африка, сеќавањето на Холокаустот и безбедноста на новинарите.
Одлуката за напуштање на организацијата по третпат доаѓа во време на зголемени тензии околу ставовите на УНЕСКО по прашањата поврзани со Израел и Палестинците, кои американската администрација ги смета за пристрасни и политички мотивирани.
МИА
Ново на Сител
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце
-
ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
-
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
-
Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади