Интервјуирање кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд.
Како што информира Комисијата, по состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.
-Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде спроведено пред независни набљудувачи. Поканети се претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и Македонско здружение на млади правници, соопшти Комисијата за избор на кандидат за судија во Стразбур.
Меѓу кандидатите кои се повикани на интервјуа се поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати. Станува збор за 11-те кандидати: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер Дамјановска, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени,Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.
Деветгодишниот мандат на македонскиот судија во Стразбур Јован Илиевски му истекува на 1 февруари 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-
Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството и инспекциите ја чешлаат Комунална
-
М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно
-
Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип
-
Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки
-
Преглед на вестите од светот