„Илинден“ додели благодарници за заслуги за зачувување на македонскиот идентитет
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, по повод седумгодишнината од формирањето, додели благодарници на поединци и здружение за нивниот придонес за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.
- Одлучивме блгодарници да доделиме на поединци и на едно здружение за нивниот научен и стручен ангажман и перманентните активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Тие покажаа особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во Албанија. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на македонското друштво „Илинден“, изјави претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Добитниците на благдарници се Вело Цфарку, проф. д-р Илинден Спасе, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, проф. д-р Васил Дрвошанов, Фатри Фетаху, Арманд Мија и здружението „Илинденски Марш - Христо Узунов“ од Охрид.
Mакедонско друштво „Илинден“ е формирано на шести февруари 2009 година. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Има добра соработка со многу македонски асоцијации на Блакнот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари