Годишен состанок на EUROSAI Работната група за ревизија на животната средина
„Ревизија на одржлив развој“ е темата на 14. Годишен состанок на EUROSAI Работната група за ревизија на животната средина EUROSAI WGEA во организација на Државниот завод за ревизија на Република Македонија и работната група за ревизија на животната средина кој денеска, утре и задутре се одржува во Скопје.
На семинарот меѓународни и домашни експерти ќе го образложат концептот на одржлив развој и улогата на врховните ревизорски институции во осигурување на утврдените цели.
Во рамките на семинарот под мотото "Lets Audit Green“ предмет на дискусија ќе бидат темите за пазарно-ориентирани инструменти за заштита на животната средина и меѓународните стандарди на ВРИ за ревизија на животната средина.
Учествуваат вкупно 74 претставници од кои 52 се преставници на 23 Врховни ревизорски институции кои се членки на EUROSAI работната група за ревизија на областа и теми од животната средина, а 22 претставници се поканети гости и експерти од целиот свет.
Ново на Сител
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции