Ѓорѓиевски: За справување со снежното невреме, на располагање ставени сите службени возила и целокупниот човечки потенцијал
За справување со снежното невреме, покрај специјализираните возила, на располагање ги ставаме сите службени возила и целокупниот човечки потенцијал, е одлучено на денешниот координативен состанок на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди на Општина Кисела Вода, предводен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Како што информираат од општинската прес-служба, согласно дестабилизацијата на временските услови и снежните врнежи, донесени се повеќе одлуки и мерки, со цел помош и заштита на граѓаните.
Од Општина Кисела Вода посочуваат дека на состанокот се дефинирани критичните точки во општината и направен е план за мобилизација на дежурни тимови, кои навремено ќе реагираат и во текот на ноќта и во деновите кои следат, се до стабилизација на временската состојба. Потенцираат дека за очекуваните замрзнати јавни површини, обезбедени и поделени по месните и урбаните заедници, градинките и училиштата, се 400 вреќи со сол. На располагање ќе бидат неколку камиони специјализирани за чистење на снежните наноси, како и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари.

– Покрај целокупниот човечки потенцијал, Општина Кисела Вода на располагање на граѓаните ги става и сите службени возила. Имено, доколку имаат некаква итна потреба и заради временските услови се спречени да ја остварат, можат да се јават на телефосниот број 075/309-548 (Далибор), да пишат на contact@kiselavoda.gov.mk или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода. Нашите тимови координирано ќе излезат во пресрет на жителите и нивните неопходни потреби. Воедно, ги повикуваме граѓаните да не контактираат и доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси, потенцираше Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода упатува апел до деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти на оваа територија за почитување на законската обврска за расчистување на снегот пред влезот на истите.
– Воедно, се замолуваат исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби. Воедно, апелираме и до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите, посочуваат од општината.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
