Ѓорѓиевски: Купувајте македонски производи
Корона вирусот удри по здравјето, но удри и по економијата.Огромни се штетите на македонските компании.
Оние компании каде што работиме ние, каде што работите вие, нашите блиски, соседи, семејствата, месечно губат десетици и стотици милиони евра .Заедничката борба со пандемијата мора да оди рака под рака и со борбата за зачувување и помагање на домашното стопанство .Да се однесуваме одговорно и совесно, да се однесуваме со љубов кон татковината, купувајте производи произведени во Република Македонија. Да ги помогнеме сите заедно македонските компании, да ги спасиме работните места. Едноставно е, купувајте македонски производи. Не само затоа што се најдобри, туку и за да си помогнеме самите на себеси. Купувајте македонски производи, затоа што сите ја сакаме Македонија.
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“