Македонија
15. October 2022 - 14:24

Германка со „пежо 207“ удри жена во Скопје

На 14.10.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Миле Поп  Јорданов“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.Б.(40) државјанка на С.Р.Германија, со привремен престој во Скопје, удрило во пешакот Ѓ.К.(82 ) од Скопје, информираат од МВР.

Во несреќата Ѓ.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.